logo
logo
logo

“Јамал исто како и Меси, сам ги решава акциите во офанзивата, на Роналдо и Мбапе за тоа им треба плејмејкер!“

Vecer | 30.08.2025

“Јамал исто како и Меси, сам ги решава акциите во офанзивата, на Роналдо и Мбапе за тоа им треба плејмејкер!“

ФОТО: FC Barselona/FB

Секако дека ако имаше дебата во изминатите 15 години, па и повеќе околу тоа кој од Лео Меси или Кристијано Роналдо е подобар, иако за оние кои вистински се разбираат во фудбалот нема дилеми, сега се наметнува друга дебата.

А таа е дали Ламине Јамал, мега – ѕвездата на Барселона и селекцијата на Шпанија е легитимен наследник на Меси и дали е подобар во таа возраст. Само да потсетиме дека Јамал пред месец и половина наполни 18 години.

Во таа дебата се вклучи и славниот аргентински стратег Марсело Биелса, кој сега е селектор на Уругвај а пред неколку години му беше тренер и на нашиот Џани Алиоски во Лидс.

Еве што кажа Биелса за медиумите во Шпанија:

Ламине Јамал прави исто како Лео Меси, не е важно дали има двајца или десет играчи пред него. Човекот ја решава офанзивната игра без оглед на каква било анализа. Тој го подобрува својот тим затоа што ги елиминира противниците сам, без ничија помош. За разлика од нив двајца, еве на пример на Килијан Мбапе или Кристијано Роналдо им се потребни плејмејкери, но на Меси и Јамал не им треба помош. Тие дриблаат покрај сите.“истакна Марсело Биелса.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk