logo
logo
logo

Извршена е ждрепката за 4.коло во ФА Купот: Лесни задачи за фаворитите, дербито е Астон Вила – Њукасл!

Vecer | 12.01.2026

Извршена е ждрепката за 4.коло во ФА Купот: Лесни задачи за фаворитите, дербито е Астон Вила – Њукасл!

Фото: Манчестер Сити Х

Вечерва е одржана е ждрепката за 4.коло или 1/16 финалето во ФА Купот. Дерби дуелот е меѓу Астон Вила – Њукасл, а интересно е тоа што фаворитите имаат лесни задачи.

Манчестер Сити ќе игра дома против победникот од мечот Салфорд -Свиндон. Арсенал исто дома ќе се сретне со Виган.

Ливерпул, кој прво вечерва мора да го победи Барнсли, немаше таква среќа, ќе игра дома со Брајтон.

Сензацијата Маклсфилд за ривал го доби тимот на Брентфорд и ќе игра на свој терен. Натпреварите се закажани за14 февруари.

Ова се сите двојки од 1/16 финалето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk