logo
logo
logo

Исак: Знам дека овој гол требаше да дојде многу порано

Vecer | 30.11.2025

Исак: Знам дека овој гол требаше да дојде многу порано

фото: Liverpool FC (X)

Напаѓачот на Ливерпул, Александар Исак, зборуваше за својот деби гол во Премиер лигата за Ливерпул. „Црвените“ го победија Вест Хем со 2-0 во 13-то коло од Премиер лигата, a Исак го постигна првиот гол.

„Знаевме дека ќе биде тешко да се вратиме на вистинскиот пат по нашата неодамнешна форма. Среќен сум што победивме и среќен сум што постигнав гол. Кога тимот поминува низ тешки времиња, важно е да се бори. Момците се покажаа добро. Разбирам дека одамна требаше да се случи овој гол, но и јас се обидувам да се вратам во најдобра форма. Сè уште сум на добар пат, но ми е мило што постигнав гол“, изјавил Швеѓанецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk