logo
logo
logo

Исак е решен никогаш повеќе да не заигра за Њукасл!

Vecer | 12.08.2025

Исак е решен никогаш повеќе да не заигра за Њукасл!

фото: Just Bizarre Tactics (X)

Александар Исак е решен никогаш повеќе да не заигра за Њукасл и не сака ништо повеќе од тоа да потпише за Ливерпул, барем така тврди новинарот Дејвид Орнштајн од „Атлетик“.

Шведскиот напаѓач цврсто му ставил до знаење на својот актуелен клуб дека неговото време на „Сент Џејмс Парк“ е завршено и одбива да се врати во клубот дури и ако трансферот не се случи во овој преоден рок. Исак не сака повторно да го носи дресот на Њукасл.

Ставот на Њукасл за Исак досега беше дека не го продава, но веќе неколку дена се истражува пазарот за негова замена. Засега нема на повидок ниту едно име кое би можело да заврши во дресот на „страчките“, а ситуацијата со Исак не е ни на повидок да се реши во нивна полза.

Ливерпул сè уште чека, бидејќи Исак е нивна трансфер цел број еден. „Црвените“ го сакаат Исак но сумата од 138 милиони евра за него Њукасл ја одби.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk