Тимот на Ипсвич експресно се врати во Премиер лигата по само една година мината во Чемпионшип. Со победата над Квинс Парк Ренџерс со 3:0 и официјално беа исполнети условите овој тим повторно да се најде во елитата.
Па така, Ипсвич по ова последно коло од регуларната сезона има вкупно 84 бода, што е за бод повеќе од Милвол. Секако, Ковентри е суверен на врвот со 95 поени и одамна е член на Премиер лигата, уште од 17 април.
Избраниците на Френк Лампард денеска славеа со 0:4 како гостин кај Вотфорд. Милвол како трет ќе мора да игра плеј оф за пласман во ранг погоре.