logo
logo
logo

Интер се рехабилитираше по дебаклот со Бодо и ја совлада Џенова

Vecer | 28.02.2026

Интер се рехабилитираше по дебаклот со Бодо и ја совлада Џенова

фото: Inter (X)

По шокантната елиминација во Лигата на шампионите, екипат ана Интер се врати на победнички патеки. Вечерва на домашен терен „нероаѕурите“ славеа над Џенова со 2:0 и продолжи да чекори кон Скудетото.

Избраниците на Кристијан Киву сега имаат 67 бода, дури 13 повеќе, со натпревар повеќе, од градскиот ривал Милан, па само чудо може да ги спречи да станат шампиони на Италија по 21-ви пат во историјата. Што се однесува до Џенова, која од клупата ја предводи Даниеле де Роси, таа е на 14-та позиција со 27 бода, но е многу загрозена, бидејќи е само на +3 од Лече.

Домашниот тим играше рутински, токму колку што беше потребно за да се освојат бодовте. Димарко со волеј од многу тешка позиција постигна спектакуларен гол за 1:0, додека конечните 2:0 ги постави Хакан Чалханоглу со гол од белата точка.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk