Фудбалерите на Интер славеа против Парма сод 2:0 во натпреварот од 35-тото коло од италијанската Серија А и официјално станаа нов шампион на Италија.
Со вечерашната победа, екипата на Кристијан Киву и математички ја обезбеди новата, 21-ва титула во италијанското првенство во историјата на клубот и заслужено го заработи епитетот најдобар тим во земјата.
Моментот за такво нешто се очекуваше веќе неколку недели, особено по неуспесите на Наполи и Милан. Интер денеска одигра цврсто, тактички мудро, чекајќи ја својата шанса за гол. Во првата минута од судиското продолжение Турам погоди за 1:0, по што во вториот дел искусниот Мхитаркан во 80. минута само ја потврди шампионската победа за „нероаѕурите“.
На три кола до крајот Интер има незадржливи 12 бода предност пред Наполи.