Илија Најдоски, еден од златната генерација на Ц. Звезда која го освои Купот на Шампионите во 1991 година, пред дуелот на “црвено – белите“ во Белград против Милан, во рамките на 1/16 финалето во Лигата на Европа до играчите на Станковиќ ја прати следната порака.
Македонецот, кој го нарекуваат и Илија – Громовник за медиумите во Србија кажа:
“Се знае кој е Милан, но се зависи од нашите играчи. Како фудбалер на Ц. Звезда мораш да веруваш во себе, ти мораш да искочиш на терен и да изгинеш за црвено – белиот дрес. Глупо е да се каже дека Милан доаѓа со изменет состав, кој и да дојде во тој тим има сув квалитет, тука нема дилеми. Не можеш да играш за Милан ако не си квалитет. Верувам во овој тим на Дејан Станковиќ. Тој многу добро ги познава менталитетот и силата на Милан уште кога играше во Италија, сигурен сум дека ќе изнајде соодветна тактика. Наш хендикеп ќе биде тоа што ќе ги нема нашите навивачи. За тој дуел со Милан од 1988 што да кажам. Добро игравме, водевме со 1:0, тие добија и црвен картон. И тогаш дојде таа магла. Среќата го посака тогаш Милан. Ние тогаш игравме пред 100.000 гледачи против најсилниот Милан во неговата историја“ потенцираше за Република.рс Македонецот кој ги освои срцата на сите звездини фанови засекогаш.
Фото: Република.рс
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата