Некогашниот голгетер Златан Ибрахимовиќ повторно зборуваше во свој стил, премногу самоуверен во своите квалитети вели дека би играл и сега ако тренерите го побараат тоа од него. Во интервју за Јутјуб каналот „First We Feast“ одговараше на „сочни“ прашања.
„Сега да играм, би можел околу 20 минути. Но и покрај тоа би постигнал 15 до 20 гола во првенството плус уште 10 во купот. Значи 30 голови за 20 минути игра на натпревар. Кога противникот е изморен, јас би влегол свеж и би поентирал. Не го зборува тоа моето его туку реално е така“.
За моменталниот живот по фудбалот…
„Оф, фантастично е. Си јадам зачинети пилешки крилца… Работам во Милан, имам голема одговорност и мило ми е за оваа шанса. Кога ќе се вратам во канцеларија не ги гледам резултатите. Се грижам сите да вкусат пилешки крилца во чили сос“.