logo
logo
logo

Ибра: Ова беше самоубиство, Тео не е виновен!

Vecer | 18.02.2025

Ибра: Ова беше самоубиство, Тео не е виновен!

Високиот советник на Милан, Златан Ибрахимовиќ, по мечот со Феенорд изјави дека „росонерите“ сами во себе треба да ја бараат вината за оваа елиминација.

„Разочарани сме и лути. Мислам дека на натпреварот му недостигаше зрелост. Водевме со 1-0, продолживме да играме, судијата беше малку суров за црвениот картон за симулација. Разочарани сме, но сега е важно да останеме обединети како група, за да ја свртиме страницата. Од утре ќе се подготвуваме за следната цел. Не сум лут на Тео. Кога ќе се случат овие ситуации не можеш да кажеш дали бил во право или не, мислам дека тој не е актер, тој ја игра својата игра и прави најдобро што може. Овие работи се случуваат на теренот“, изјавил Ибра.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk