logo
logo
logo

И официјално: Тадиќ промовиран во Ал Вахда!(ФОТО)

Vecer | 08.08.2025

И официјално: Тадиќ промовиран во Ал Вахда!(ФОТО)

ФОТО: FC Al Vahda/X


Душан Тадиќ, поранешниот капитен на српската репрезентација, е новиот фудбалер на Ал Вахда, клубот од Обединетите Арапски Емирати. Тадиќ се приклучи во редовите на третопласираниот тим од локалното првенство како слободен агент, бидејќи неговиот договор со Фенербахче истече на 30 јуни, а Жозе Мурињо не сакаше да го задржи.
Долго време, поранешниот капитен на Ајакс беше поврзуван со Црвена Звезда, наводно му беше понуден најголемиот договор во историјата на српскиот фудбал, но таа приказна не успеа, а српскиот шампион објави пред гостувањето кај Лех во квалификациите за Лигата на шампионите дека се откажал од одличниот офанзивен играч за врска, кој има 36 години.
Тадиќ ја започна својата кариера во Војводина, а потоа играше за Гронинген, Твенте, Саутемптон и Ајакс, пред да пристигне во Фенербахче.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk