logo
logo
logo

И официјално: Србија и Албанија ќе бидат домаќини на ЕП 2027! Финалето ќе се игра во Тирана!

Vecer | 04.02.2025

И официјално: Србија и Албанија ќе бидат домаќини на ЕП 2027! Финалето ќе се игра во Тирана!

Она што се најавуваше со месеци наназад, од денеска е и официјално. Имено Србија и Албанија ќе бидат заеднички организатори на ЕП 2027 година за селекции до 21.година.

И покрај негодувањата во Косово, па и во дел во Албанија, сепак победи фудбалот.

УЕФА денеска и официјално кажа дека ова ЕП ќе се игра на Балканот.

Сепак со некои одлуки ФС на Србија нема никако да биде задоволен. Имено финалето се игра во Тирана а не во Белград како што беше најавувано дури од претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој во изминатите месеци се фалеше дека финалето ќе се игра на новиот Национален стадион кој се гради во Белград.

Сепак УЕФА има други критериуми и објасни зошто ќе се игра во Тирана.

Инаку отварањето ќе биде во Нови Сад.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk