logo
logo
logo

И Дон Флорентино претера: Кој ќе им свирка на играчите на Реал ќе „лета“ од „Бернабеу“! (ФОТО)

Vecer | 17.01.2026

И Дон Флорентино претера: Кој ќе им свирка на играчите на Реал ќе „лета“ од „Бернабеу“! (ФОТО)

ФОТО: Real Madrid C.F./FB

Реал Мадрид денеска од 14 часот го пречекува Леванте во 20-тото коло од Ла Лига, а ќе биде првиот домашен натпревар во кој Реал ќе преземе посебни мерки.
Навивачите кои ќе бидат фатени како ги свиркаат играчите и тренерскиот персонал ќе им биде забрането да доаѓаат на домашни натпревари за одреден период. Необичен и донекаде очаен потег во редовите на кралскиот клуб.
Како објаснување, тие го наведуваат фактот дека секој притисок и лоша атмосфера на трибините не му помагаат на клубот во овој момент.
Кој сака да свирка и навредува, може да го стори тоа, но не на стадионот“, се наведува во соопштението до близок клуб.

Клубот ќе направи сè за да го смири притисокот и атмосферата околу играчите, за да можат што побрзо да се вратат на победничките патеки. Очигледно, првиот човек на клубот, Флорентино Перез, им дал поддршка на играчите и тие сакаат навивачите да го сторат истото во овие проблематични моменти за клубот кога станува збор за резултатите.

Ова ако е вистина тогаш и Дон Флорентино ја претера.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk