Саудискиот второлигаш Оход предводен од нашиот стратег Зекирија Рамадан, загуби во првото коло од Кралскиот куп од Ал-Наср во чии редови настапуваат голем број европски ѕвезди. Ал-Наср славеше со 5:1 на гостински терен, иако во своите редови денеска го немаше Кристијано Роналдо.
Садио Мане од пенал во 16-тата минута го отвори резултатот, по што следуваше гол за 1:1 за домашните. Во вториот Фофана, Талиска, Јахја и Ал-Немер погодија за конечен триумф на гостите.