logo
logo
logo

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

Vecer | 16.12.2025

Гвадалахара не успеа да направи изненадување, Барса се пласираше во следната рунда на купот

фото: FC Barcelona (X)

Фудбалерите на Барселона потешко од очекуваното го совладаа третолигашот Гвадалахара со 0:2 и се пласираа во следната рудна од Купот на Кралот. Избраниците на Ханси Флик во финишот на натпреварот го пробија бедемот на домашниот тим и ја остварија очекуваната победа.

Стрелци за каталонскиот клуб беа Кристенсен во 77-та минута и Рашфорд во 90-тата минута. Во останатите натпревари кои се одиграа вечерва, Валенсија славеше на гости кај Спортинг Хихон со 0:2. Нашиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, го пропушти овој натпревар поради повреда.

Реал Сосиедад исто така се пласираше во следната рудна со победата против Елденсе со 1:2. За гостинскиот тим мрежата ја затресоа Сучиќ во 79-тата и Марин во 96-тата, а за домашниот тим погоди Начо Кинтана во 81-та минута.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk