logo
logo
logo

Готово е: Тадиќ и дефинитивно нема да потпише за Ц. Звезда!

Vecer | 05.08.2025

Готово е: Тадиќ и дефинитивно нема да потпише за Ц. Звезда!

ФОТО: FSS.COM

И дефинитивно Душан Тадиќ нема да го облече дресот на Црвена Звезда. Попладнево медиумите во Србија кои се блиски до шампионот на Србија наголемо пренесуваат дека и покрај одличната понуда, искусниот играч за врска нема да потпише.

Некои истакнуваат, од клупски извори, дека првиот човек на клубот, Ѕвездан Терзиќ јасно му ставил до знаење на Тадиќ дека веќе нема да го чека и да заборави на Ц. Звезда откако наводно фудбалеро побарал уште некој ден да размисли.

Некои пак пренесуваат дека лично Тадиќ му кажал на Терзиќ дека нема да дојде на “Маракана“.

Како и да е, една летна сага во фудбалска Европа и дефинитивно заврши.

Најважно е дека Тадиќ остана само пуста желба на сите во Црвена Звезда, секако дека ова е голем удар за Терзиќ.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk