Португалскиот дефанзивец Жоао Кансело се враќа во Барселона.
Каталонскиот клуб ќе го позајми 31-годишниот фудбалер од Ал-Хилал до крајот на сезоната за 4 милиони евра, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона ќе плати само дел од платата на Португалецот – 5 милиони евра. Кансело ќе биде регистриран како замена за повредениот Андреас Кристенсен, кој ќе отсуствува најмалку четири месеци.