logo
logo
logo

Гол-машина: Мбапе го израмни рекордот на Бензема, сега ќе ги напаѓа Меси и Роналдо

Vecer | 30.09.2025

Гол-машина: Мбапе го израмни рекордот на Бензема, сега ќе ги напаѓа Меси и Роналдо

фото: Real Madrid C.F. (X)

Францускиот голгетер во дресот на Реал (М), Килијан Мбапе го постигна својот четврти хет-трик во Лигата на шампионите. Со ова Мбапе успеа да се израмни со неговиот сонародник Карим Бензема.

Денес, напаѓачот на Реал Мадрид постигна три гола против Каират во 2. коло од вкупната фаза на турнирот во кој Реал славеше на гости со високи 5:0.

Со четвртиот хет-трик во ова натпреварување, тој сега се уште заостанува зад Роберт Левандовски кој има шест хет-трика и зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси кои се лидери на вечната листа во ЛШ со по осум хет-трика.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk