logo
logo
logo

Го нема Аморим, ама Јунајтед повторно не победува! Њукасл го “скрши“ Лидс со гол во 90+12.минута

Vecer | 07.01.2026

Го нема Аморим, ама Јунајтед повторно не победува! Њукасл го “скрши“ Лидс со гол во 90+12.минута

ФОТО: Manchester United/FB

Супер интересни два меча вечерва во рамките на 21.коло во Премиерлигата. Јасно беше дека сите погледи беа свртени кон дуелот меѓу Барнли и Манчестер Јунајтед, ова беше прв меч на гигантот од “Олд Трафорд“ без Рубен Аморим на клупата. Тимот го водеше Дарен Флечер, но Јунајтед пак не победи, одигра само 2:2, без разлика на двата гола на Бенњамин Шешко.

А се почна катастрофално за гостите кога Хеавен во 13.минута си постигна автогол за водство на Барнли.Тогаш на сцена стапува Словенецот и со головите во 50. и 60.минута му носи водство на Јунајтед од 1:2. Сепак и ова не беше доволно за победа, Барнли преку Антони во 66.минута израмни за конечни 2:2.

На “Ст.Џејмс Парк“ во еден драматичен меч Њукасл го победи Лидс со 4:3.

Домашните важеа за големи фаворити, успеаја но Лидс водеше со 0:1, 1:2 и со 2:3, со головите на Аронсон, два, Калверт – Лунин, но прво Барнс, потоа Џоелнинтон а во 90+1.минута и Гимараеш го спасија Њукасл од пораз. И тогаш во 12.минута повторно Барнс стрелаше за еуфорија на “Ст.Џејмс Парк“ за победа на Њукасл од 4:3.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk