logo
logo
logo

Гави го оперираше менискусот, ќе мора да паузира до февруари

Vecer | 24.09.2025

Гави го оперираше менискусот, ќе мора да паузира до февруари

фото: Barcelona (X)

Младата ѕвезда на Барселона, Гави, вчера бил опериран поради повреда на менискусот на десното колено, објавија Каталонците.

Се очекува тој да отсуствува од терените околу пет месеци. По сериозната повреда на истото колено што ја заработи во ноември 2023 година на натпревар против Грузија, тој беше надвор од терените 11 месеци.

„Играчот на првиот тим, Пабло Паес Гавира-Гави, беше подложен на артроскопија за да се санира повредата на внатрешниот менискус. Менискот е зашиен за да се зачува. Се очекува времето за закрепнување да биде околу 4-5 месеци“, напиша Барселона во соопштението.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk