logo
logo
logo

Гасперини: Рома мора брзо да учи од своите грешки

Vecer | 25.09.2025

Гасперини: Рома мора брзо да учи од своите грешки

Во рамките од премиерното коло во Лигата на Европа, тимот на Рома синоќе обезбеду триумф против францускиот тим на Ница со 1:2.

Искусниот стратег, Гасперини по мечот изјави дека неговиот тим мора да учи од грешките кои ги прави на терен.

„Мислам дека одигравме добар натпревар. Не е лесно да се победи на гостински терен на европските натпреварувања, но мојот тим покажа самодоверба и карактер. Да, во првото полувреме веројатно не бевме многу опасни во нападот, но натпреварот трае 90 минути. И ако доминирате, имате сите шанси да постигнете гол“, изјави Гасперини.

„Одигравме неколку натпревари и сигурно е вистина дека имаме силна одбрана која не дозволува многу шутеви кон голот“, продолжи Гасперини за „Скај Спорт Италија“.

„Пеналот беше грешка родена од неискуство, бидејќи топката веќе излегуваше од игра. Жал ми е Николо Пицили, но ова е високо ниво и мора брзо да се учи од овие грешки“, рече Гасперини.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk