logo
logo
logo

Гасперини и следната сезона ќе ја води Аталанта

Vecer | 07.06.2023

Гасперини и следната сезона ќе ја води Аталанта

Џан Пјеро Гасперини ќе остане на кормилото на Аталанта и следната сезона. Ова го потврди клубот од Бергамо, кој на крајот на состанокот кој го одржале со тренерот вчера, објавија соопштение на својата официјална веб-страница, со слоганот: „ Приказната продолжува“.

„Аталанта во лицето на главниот извршен директор Лука Перкаси, со задоволство ја објавува новата соработка со тренерот Џан Пјеро Гасперини на клупата на „нероаѕурите“. Да го продолжиме заедно патувањето кое започна пред седум години, облагородено со одлични резултати. Семејството Перкаси, семејството Паљиука и целиот клуб му посакуваат добра работа на г. Гасперини!“, се вели во клупското соопштение.

И покрај сите најави дека Гасперини ова лето ќе си замине од Бергамо, сепак, управата се реши да му ја довери работата и за следната сезона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk