Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Оскар Боб е пред трансфер во екипата на Фулам. По доаѓањето на Антоан Семењо оваа зима, Боб нема место во тимот на Пеп Гвардиола, па младиот норвежанец веќе подолго време разгледува опции за напуштање на „граѓаните“.
Фулам ги договорил личните услови со Боб, а останува уште и финален договор помеѓу двете екипи за цената на трансферот. Оваа сезона норвежанецот одигра само 9 натпревари во Премиер Лигата и запиша една асистенција. Оскар Боб доживеа сериозна повреда минатата сезона која го оддалечи од терените подолго време. Во прилог не му одеа и големиот број напаѓачки засилувања кои Манчестер Сити ги договори во изминативе неколку месеци.