logo
logo
logo

Франција лета со авионите за депортација на азиланти од САД

Vecer | 09.07.2026

Франција лета со авионите за депортација на азиланти од САД

Пикантериите од Мундијалот никако да престанат. Иако на турнирот преостанаа уште поприлично малку селекции, сепак, интересни информации за кои јавноста секогаш е гладна не недостасуваат.

Последна во редот такви е онаа која што вели дека фудалската репрезентација на Франција, која што инаку токму вечерва го игра мечот од четвртфиналето против Мароко, како превозно средство за време на турнирот користела летала на „Глобал Кросинг Ерлајнс“ (ГлобалХ), која што инаку е задолжена за депортација на илегалците во САД. Мерка која што претседателот Доналд Трамп ја форсира веќе извесен период.

Според истрагата, светските шампиони патувале со авиони на оваа компанија за време на мечевите од групната фаза, поточно од нивната база до конечните дестинации. Еден од авионите што го превезуваа францускиот национален тим извршил 44 летови за депортација само во 2026 година и речиси 950 од 2022 година.

„Гардијан“ пак дополнително оди во истрагата и пренесува дека едно од леталата само три дена пред да им послужи како превозно средство на французите, однел приведени мигранти од сојузната држава Аризона, во Луизијана.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk