Секоја чест за Јамал, за Кејн, за Мбапе или Дембеле, за Халанд, да не говориме за Меси и Роналдо, но првата мега – ѕвезда во моментов во светот на фудбалот е само Мајкл Олисе и никој друг.
Франција има напад да се “смрзнеш“, Мбапе, Дембеле, Дуе и др., но Мајкл Олисе е нешто нестварно.
И не само поради синоќешниот хет- трик против С.Ирска, туку за се она што овој фудбалски романтичар го прави оваа сезона во дресот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Франција.
Се се сеќавате ли како бекот на Реал Мадрид беше на работ да заплаче поради својата немоќ откако Олисе си играше со него како со мало дете.
Јасно е дека претстојниот Мундијал ќе го даде одговорот за тоа кој ќе ја добие “Златната топка“, исто така јасно е дека Олисе е прв фаворит.
Да, секоја чест за Јамал, Мбапе и останатите, но ова што го прави Олисе одамна не сме го виделе.
Овој Олисе е чудо!