logo
logo
logo

Франција го прегази Ирак во меч кој беше прекинат цели два часа (ВИДЕО)

Vecer | 23.06.2026

Франција го прегази Ирак во меч кој беше прекинат цели два часа (ВИДЕО)

фото: FIFA World Cup Stats (X)

Франција забележа убедлива победа од 3-0 над Ирак во второто коло од Групата И на Светското првенство, во натпревар кој беше прекинат два часа поради временските услови.

Херој на натпреварот беше Килијан Мбапе, кој постигна два гола, додека Усман Дембеле постигна еден гол.

Првата сериозна иницијатива на Французите беше крунисана во 14-тата минута кога Мбапе ја прими топката на околу 18 метри од голот и со прецизен моќен удар го совлада ирачкиот голман Басил за водство од 1:0.

По првите 45 минути, имаше неочекуван прекин. Поради грмотевиците, организаторите го активираа безбедносниот протокол што се применува во САД, според кој натпреварот автоматски се прекинува ако се регистрира гром во радиус од 13 километри од стадионот.

Играчите веднаш отидоа во соблекувалните, додека навивачите беа повикани да се засолнат на безбедни места во стадионот.

По повеќе од два часа чекање, екипите се вратија на теренот. Долгата пауза не ги вознемири Французите, кои продолжија да доминираат, па во 54-тата минута Ирак скапо плати за големата грешка во одбраната која го искористи Дембеле, ја прекина акцијата, а потоа го проигра Мбапе, кој немаше потешкотии да постигне гол за 2:0.

Недолго потоа, Мајкл Олисе ја погоди пречката, но конечните 3:0 беа постигнати во 66-тата минута кога Олисе го проигра Дембеле, кој мирно ја заврши акцијата и ја потврди убедливата победа на Франција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk