logo
logo
logo

Флик: Против Виљареал ќе мораме без Педри

Vecer | 20.12.2025

Флик: Против Виљареал ќе мораме без Педри

Како најава за претстојниот дуел на тимот на Барселона од редовново тековно коло во Примера против Виљареал утре со почеток од 16:15, денеска трнерот Ханси Флик традиционално и се обрати на јавноста.

Тој ја пренесе и официјалната информација дека Педри нема да може да помогне утре на дуелот со третопласираниот тим на табелата поради повреда.

„Не, тој нема да биде достапен. Не сум среќен поради тоа, но таква е ситуацијата. Тој е повреден и ќе биде подготвен за следниот натпревар против Еспањокл. Педри има проблеми со листот. Може да игра, но ризикот е висок и најдобро е да се одмори. Не е ништо опасно, но мора да бидеме внимателни, мора да добиеме третман. Ќе ни биде потребен за Суперкупот во јануари. Освен тоа, има и други квалитетни играчи во тимот“ – рече Флик. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk