logo
logo
logo

Флик: Патот е долг, но сега уживаме во добри времиња!

Vecer | 28.03.2025

Флик: Патот е долг, но сега уживаме во добри времиња!

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, беше задоволен од победата на тимот над Осасуна (3:0) во одложениот натпревар од 27. коло на Ла Лига. Каталонците се лидери во поредокот со 63 бода.

„Патот е долг. Сега уживаме во добри времиња, но имаме уште многу натпревари пред нас.  Дани Олмо е повреден. Во следните две недели веројатно нема да можам да сметам на него. Многу сум горд на играчите. Денот не беше најдобар и плативме висока цена за оваа победа со повредата на Олмо”, прокоментира тренерот на Барса.

Под водство на германскиот специјалист Барса има 33 победи од 44 одиграни натпревари. Ова изнесува 75%, а само Луис Енрике забележал поголем успех кај тренерите со најмалку 10 натпревари на кормилото на каталонскиот гигант – 76,24%.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk