logo
logo
logo

Флик ги предупреди фудбалерите: Никогаш, ама никогаш не смееме да го помислиме тоа!

Vecer | 10.04.2025

Флик ги предупреди фудбалерите: Никогаш, ама никогаш не смееме да го помислиме тоа!

Фото: ФЦ Барселона/Твитер

Каталонскиот клуб ја оправда улогата на фаворит и победи против Дортмунд со убедливи 4:0. И покрај тоа што реваншот веќе се игра во Германија во вторник, јасно е дека Барселона веќе има една нога во полуфиналето и дека на Дортмунд ќе му треба чудо за да направи пресврт со ваква игра.

Сепак, и покрај убедливата победа на неговиот тим, Ханси Флик не сака премногу да се опушти. Тој веднаш по крајот на мечот застана пред микрофонот и им испрати јасна порака на играчите дека ништо не е решено на овој двомеч.

“Дали сме веќе во полуфинале? Никогаш, ама баш никогаш не смееме да помислиме дека по само еден одигран натпревар. Никогаш не знаеш што може да се случи. Фудбалот е луд спорт и тоа е многупати докажано”, рекол Флик и продолжи:

„Мораме да играме на ист начин во Дортмунд. Тие се многу добар тим, но мораме да веруваме во себе, да го правиме тоа што знаеме да го направиме и да ги намалиме грешките“. 

Флик исто така изјави дека Ламине Јамал не играл поради повреда и дека се чувствува добро и дека ќе биде на располагање за следниот натпревар на Барселона.

“Ламине Јамал не е повреден. Замената не е направена поради таа причина. Тој игра многу во последно време и заслужува одмор”.

Многумина веруваат дека Јамал побарал замена за Ансу Фати конечно да игра по повеќе од три месеци.

„Многу е важно Ансу да добива минутажа. Тој тренира многу напорно и можете да бидете сигурни дека ја заслужува минутажата што ја добива“, изјави тренерот на Барселона.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk