logo
logo
logo

Финалето на Лигата на шампионите во 2027 ќе се одигра во Шпанија

Vecer | 11.09.2025

Финалето на Лигата на шампионите во 2027 ќе се одигра во Шпанија

Финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2026/27 ќе се игра на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, што ќе биде шесто финале во историјата кое ќе се одигра во шпанската престолнина.

Додека се чека почетокот на Лигашката фаза од годинешното издание на Лигата на шампионите, УЕФА веќе размислува за следната, со објавувањето на стадионот што ќе биде домаќин на финалето закажано за 5 јуни 2027 година.

Извршен комитет на УЕФА се состана во Тирана и одлучи завршниот чин од идната сезона да  се одржи во Мадрид, но не на „Сантијаго Бернабеу“, туку на „Метрополитано“, домашниот стадион на Атлетико Мадрид.

Во исто време, УЕФА ги објави и местата за другите финалиња. Суперкупот на УЕФА 2026 ќе се одигра во Салцбург, Австрија. Финалето на УЕФА футсал Лигата на шампионите 2026 година во Пезаро, Италија. Финалето на УЕФА футсал ЕУРО до 19 години 2026 година ќе биде во Астана, Казахстан, а УЕФА футсал ЕУРО 2027 за жени во Осиек, Хрватска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk