logo
logo
logo

ФИФА го турка најконтроверзниот ВАР предлог за Светското првенство

Vecer | 03.12.2025

ФИФА го турка најконтроверзниот ВАР предлог за Светското првенство

фото: fifa.com

ФИФА планира да воведе голема промена во користењето на ВАР на СП 2026 – проверка на секој доделен корнер. Иако фудбалските работници и првенствено ИФАБ ја одбија идејата во октомври, највисоката светска организација не се повлекува и сака новото правило да го тестира токму на најголемата фудбалска сцена.

Според BBC Sport, ФИФА инсистира толкувањето на корнерите да биде вклучено во ВАР протоколите на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Домашните лиги ширум светот веќе предупредија дека вакво проширување може драстично да го продолжи времето на прекини и да ја „раскине“ динамиката на играта.

Иако ИФАБ го стопираше предлогот, постигната е согласност ВАР да се користи за проверка на погрешно доделени жолти картони кои можат да доведат до исклучување – но за корнерите ќе треба глобално тестирање пред можно усвојување.

Колина е „за“
Пјерлуиџи Колина, првиот човек на судиите во ФИФА, силно ја поддржува идејата, потсетувајќи на финалето на ЕП 2016, кога погрешна одлука за игра со рака ѝ донесе опасен слободен удар на Португалија.

Како би изгледало новото правило?
Секој корнер би морал да биде проверен пред изведување, бидејќи судијата не смее да ја смени одлуката откако играта ќе продолжи. Тоа значи повеќе стопирања, повеќе чекање и уште поголем притисок врз ВАР судиите.

Очите на фудбалската јавност сега се вперени во јануарскиот состанок на ИФАБ. Дали оваа реформа ќе добие зелено светло или ќе остане уште една спорна ВАР идеја – допрва ќе се види.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk