logo
logo
logo

Фенербахче го освои пехарот во Супер Купот на Турција!

Vecer | 10.01.2026

Фенербахче го освои пехарот во Супер Купот на Турција!

ФОТО: Fenerbahçe/FB

Има ли нешто послатко и поубаво кога во Турцција ќе го победиш вечниот ривал во едно финале и ќе освоиш трофеј. Секако дека нема, секако дека со тоа ќе се сложат фановите на Фенербахче кои вечерва се во еуфорија откако нивните миленици славеа во Супер Купот со победа против Галатасарај со 2:0.

За водство од 1:0 стрелаше Матео Гендузи, новајлијата во составот на Фенер, и тоа во 28.минута

Со тие 1:0 за Фенер се замина на пауза.

Само што започна второто полувреме нов шок за Галатасарај, Остерволде најубаво се снајде пред голот на вечниот ривал и стрелаше за 2:0, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Секако дека треба да се каже дека Галатасарај настапи без својот најдобар фудбалер, Виктор Осимен кој е со селекцијата на Нигерија на АФКОН.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk