logo
logo
logo

Фановите на Сити до Пеп:“Овој играч мораш да го продадеш!“

Vecer | 01.07.2025

Фановите на Сити до Пеп:“Овој играч мораш да го продадеш!“

Многу “врева“ се дигна, пред се на Островот и меѓу фановите на Манчестер Сити по елиминацијата на “граѓаните“ од СКП и тоа во осминафиналето и тоа поразот од Ал-Хилал.

Јасно е дека никој тоа не го очекуваше, а најмалку фановите на Сити.

Исто така факт е еден од најголемите виновници за поразот е голманот Едерсон, кој во последните месеци ни од далеку не е во својата препознатлва форма. На мечот со Ал -Хилал од шест шута дури четири завршија во неговата мрежа. Од друга страна, Боно, голманот на Ал – Хилал од 14 шута кон неговиот гол прими 3 гола.

Евидентна е разликата меѓу Бразилецот и Боно.

Токму затоа на социјалните мрежи „вриеше“ по мечот. Најзагрижените фанови на Сити му порачуваат на Пеп Гвардиола дека е време да се “ослободи“ од Едерсон.

Пеп, овој играч што побргу да го продадеш. Време е да си оди клубот. Пеп, донеси нов голман.“ се само дел од пораките.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk