logo
logo
logo

Фановите на Ливерпул се спремаат за протести! (ФОТО)

Vecer | 07.04.2026

Фановите на Ливерпул се спремаат за протести! (ФОТО)

ФОТО: Liverpool FC/FB

Проблеми на релација фанови – Ливерпул. Имено навивачката група „Духот на Шенкли“ (SOS) најави протести „внатре и надвор од Енфилд“ поради планираното зголемување на цената на билетите на клубот. Првиот протест ќе се одржи за време на домашниот натпревар против Фулам следната сабота. Организацијата, исто така, ги повикува навивачите да не трошат пари на стадионот и да го одложат обновувањето на сезонските билети за да „испратат порака“ до сопствениците на „Фенвеј Спортс Груп“ (FSG). Клубот неодамна објави дека цените ќе растат во согласност со инфлацијата во текот на секоја од следните три сезони.
Ливерпул, кој ги замрзна цените во осум од последните десет сезони, вели дека оперативните трошоци за натпреварите на “Енфилд“, се зголемиле за 85 насто од сезоната 2016/2017.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk