logo
logo
logo

ФА Куп: Росениор со “петарда“ дебитираше на клупата на Челзи!

Vecer | 10.01.2026

ФА Куп: Росениор со “петарда“ дебитираше на клупата на Челзи!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB

Челзи се квалификуваше во следната рунда од ФА Купот откако го победи Чарлтон со 5:1 на дебито на Лиам Росениор и тоа како гостин и тоа со втор тим.
Стрелци за Челзи беа – Џорел Хато во 45-тата минута, Тосин Адарабијо во 50-тата минута, Марк Гие во 62-тата минута и Педро Нето и Енцо Фернандез во 90-тата минута.
Лиам Росениор вечерва го имаше своето деби на клупата на Челзи, и практично влезе со резервниот тим, што беше доволно смел потег за првиот натпревар. Капитенот Рис Џејмс и Кол Палмер не беа на клупата, ниту суспендираниот Марк Кукурела, додека Чалоба, Енцо Фернандез, Жоао Педро, Педро Нето, Естевао, Лиам Делап и Весли Фофана беа на клупата.

Претхдно вечерва Њукасл по пенал серијата успеа да го победи Борнмут, додека Астон Вила како гостин го победи Тотенхем на негов терен со 1:2 и со тоа да се пласира во следната фаза.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk