Вечерва се одржа ждрепката за 4-тата рунда на англискиот ФА Куп. Денес се одиграа и преостанатите натпревари од третата рунда и ги добивме тимовите кои ќе го продолжат патот во ФА Купот.
Манчестер Јунајтед ќе се сретне со Лестер предводен од бившиот тренер на „црвените ѓаволи“, Руд Ван Нистелрој. Во дербито на рундата Астон Вила ќе ја пречека екипата на Тотенхем. Фаворитите добија полесна ждрепка со што Ливерпул ќе му гостува на Плимут Аргајл, Манчестер Сити ќе му гостува на Дерби/Лејтон Ориент и Челзи ќе се соочи со екипата на Брајтон
🚨 – BREAKING: FULL FA CUP 4TH ROUND DRAW! pic.twitter.com/8uYGtahwyB
— TheEuropeanLad (@TheEuropeanLad) January 12, 2025