Утрово во Нион, Швајцарија се одржа ждрепката за следниот У21 квалификациски циклус во која Македонија е дел од групата Ц. Тука се уште и фаворитот Холандија, Шведска ,Грузија, Молдавија и Гибралтар.
И во останатите групи силите се да речеме правилно распоредени, односно има по еден сериозен фаворит од првиот шешир и репрезентации со скриени адури од вториот и третиот.
Квалификации за фудбалери до 21 година за пласман на ЕП 2025 во Словачка:
Група A: Италија, Република Ирска, Норвешка, Турција, Летонија, Сан Марино;
Група Б: Шпанија, Белгија, Шкотска, Унгарија, Казахстан, Малта;
Група Ц: Холандија, Шведска, Грузија, Македонија, Молдавија, Гибралтар;
Група Д: Германија, Полска, Израел, Бугарија, Косово, Естонија;
Група Е: Романија, Швајцарија, Финска, Албанија, Црна Гора, Ерменија;
Група Ф: Англија, Украина, Србија, Северна Ирска, Азербејџан, Луксембург;
Група Г: Португалија, Хрватска, Грција, Белорусија, Фарски Острови, Андора;
Група Х: Франција, Австрија, Словенија, Босна и Херцеговина, Кипар;
Група И: Данска, Чешка, Исланд, Велс, Литванија;