logo
logo
logo

Евертон и Вест Хем со домашни бодови

Vecer | 08.11.2025

Евертон и Вест Хем со домашни бодови

Екипата на Евертон во попладневниот термин од Премиер лигата денеска на свој терен го совлада тимот на Фулам со конечни 2:0.

Домаќинот на овој меч во вистински момент дојде до предност. Поточно во судиското продолжение од првото полувреме погоди Идриса Гуеје.

Мрежите мируваа на овој меч се до 81. минута кога Мајкл Јекн го удвои домашното водство и ги постави конечните 2:0.

Од друга страна пак, тимот на Вест Хем мораше далеку повеќе да се помачи за да дојде до три домашни бодови.

На дуелот со Барнли рано имаше негатива откако Зиан Флеминг во 35. минута погоди за 0:1.

Калум Вилсон израмни во 44. минута за домаќинот, кој што во вториот дел направи целосен пресврт.

Соучек и Волтер Питерс погодија во мешаниците на гостинскиот шеснаесетник, за 3:1, а Џош Кален во седмата минута од судиското продолжение намали на конечни 3:2.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk