Мундијалот започнува за седум дена, а познати се листите на сите 48 репрезентации, секоја од нив има по 26 играчи, што е вкупно 1248 фудбалери, а сега е познато кој клуб може да тврди дека има најмногу членови на Светското првенство.
Тоа е Манчестер Сити, вицешампион на Англија и освојувач на двата англиски купа, кој испраќа дури 19 играчи од 12 различни репрезентации на Светското првенство.
На овој начин, Сити го сруши рекордот поставен од Баерн со 17 играчи на Светското првенство во Катар во 2022 година.
19-те играчи на Сити по национален тим:
Англија: Џејмс Трафорд, Џон Стоунс, Марк Геј и Нико О’Рајли
Португалија: Матеус Нуњес, Рубен Дијас и Бернардо Силва
Хрватска: Јошко Гвардиол и Матео Ковачиќ
Холандија: Натан Аке и Тијани Рејендерс
Алжир: Рајан Аит-Нури
Белгија: Џереми Доку
Египет: Омар Мармуш
Шпанија: Родри
Франција: Рајан Шерки.
Гана: Антоан Семењо
Узбекистан: Абдукадир Кусанов
Норвешка: Ерлинг Халанд
Рангирање на клубовите според бројот на играчи на Светското првенство:
1. Манчестер Сити (Англија): 19
2. Баерн (Германија): 18
3. Арсенал (Англија): 16
4. ПСЖ (Франција): 16
5. Барселона (Шпанија): 15
6. Ал-Хилал (Саудиска Арабија): 12
7. Атлетико Мадрид (Шпанија): 12
8. Кристал Палас (Англија): 12
9. Манчестер Јунајтед (Англија): 12
10. Борусија Дортмунд (Германија): 11
11. Галатасарај (Турција): 11
12. Ливерпул (Англија): 11
13. Фенербахче (Турција): 10