logo
logo
logo

Еве како Сидорф му помогнал на Валверде!

Vecer | 18.03.2026

Еве како Сидорф му помогнал на Валверде!

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

По оној хет – трик против Манчестер Сити минатата недела, јасно е дека Федерико Валверде, капитенот на Реал Мадрид и еден од најдобрите во светот. Сепак малкумина знаат дека еднаш бил “турнат“ во професионалниот свет од Кларенс Сидорф, славниот Холанѓанец и некогашен фудбалер на “кралевите“.
Во текот на сезоната 2017/18, Валверде играше на позајмица во Депортиво Ла Коруња, тим, кој беше предводен од клупата од легендарниот Холанѓанец. Уругваецот пристигна од академијата на Реал Мадрид, беше малку познат, имаше само 19 години, но Кларенс Сидорф видел нешто големо во него.
„Го тренирав Валверде кога имаше 18 години. Ми требаа 15 минути на првиот тренинг кога пристигна во Депортиво кога го прашав мојот асистент „кое е ова дете?“. Кога ми одговори дека тоа е Валверде, му реков дека ќе биде сигурен стартер во следниот натпревар и дека ќе ги избереме другите 10 потоа. Неговиот талент беше толку очигледен“, рече Сидорф.
Откако се врати од Ла Коруња, каде што одигра 25 натпревари, Валверде постепено го градеше своето име во Реал Мадрид и сега е еден од најдобрите во светот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk