Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги бранеше своите играчи откако беа критикувани за прославата на победата од 2-1 над Арсенал во Премиер лигата во неделата. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, ја нарече прославата на играчите на Сити прерана и рече дека може да се врати како бумеранг. Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Дени Марфи, исто така го критикуваше однесувањето на ѕвездите на Пеп.
„Луѓето можат да кажуваат сè што сакаат. Играчите славеа затоа што го знаеја нивото на противникот. Тие знаеја дека ако не победиме, тоа ќе биде збогување со титулата. Тие победија и ние сè уште сме во играта. Како можеа да не слават? Без разлика колку го почитувате противникот и неговите навивачи, можете да славите како сакате“, изјави Гвардиола за „Гардијан“.
Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 70 бода. Манчестер Сити е втор, три бода зад „Топџиите“ и има натпревар помалку.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата