logo
logo
logo

Елмас со перфектна асистенција: Интер и Наполи без победник во мега – дербито на “Меаца“!

Vecer | 11.01.2026

Елмас со перфектна асистенција: Интер и Наполи без победник во мега – дербито на “Меаца“!

ФОТО: Lega Serie A/X

Одличен настап на нашиот Елиф Елмас во дресот на Наполи на гостувањето кај Интер во мега – дербито во Серија А, во меч од 20.коло, кое заврши без победник, 2:2. Имено Македонецот го одигра целиот натпревар а во 26.минута прекрасно му асистеираше на МекТоминеј за 1:1. Вистинска мајсторија на Дијамантот.

Инаку Интер двапати водеше, ама Наполи двапати израмнуваше, па така тимот од Милано и натаму е лидер на табелата со +3 пред Милан и со +4 пред Наполи.

Димарко уште во 9.минута стрелаше за 1:0. Потоа, како што веќе напоменавме МекТоминеј по асистенција на Елмас израмни на 1:1. Се играше 73.минута кога Чалханоглу од пенал повторно му донесе водство на Интер, имаше жестока реакција на стратегот на гостите Антонио Конте за пеналот кој заработи црвен картон.

Но на Наполи да не биде поразен се погрижи повторно МекТоминеј со гол за конечни 2:2 во 82.минута.

Ова беше фудбалско уживање на “Меаца“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk