logo
logo
logo

Елмас и Неапол слават: Победа над Јуве за враќање на врвот (ВИДЕО)

Vecer | 07.12.2025

Елмас и Неапол слават: Победа над Јуве за враќање на врвот (ВИДЕО)

фото: Lega Serie A (X)

Наполи и Елиф Елмас запишаа голема побед аво 13-тото коло во Серија А, откако вечерва го победија Јувентус на својот стадион со 2:1, во големото дерби.

Херој на шампионите на Италија беше двојниот стрелец Расмус Хојлунд, додека голот за гостите од Торино го постигна Кенан Јилдиз.

Лучано Спалети се врати на „Марадона“, каде пред две години доби ранг на „божество“, бидејќи му го донесе на Наполи Скудетото по 33 години чекање. Но радоста не му траеше долго, бидејќи Антонио Конте, кој го донесе Скудетото во Неапол оваа година, целосно го надмудри.

„Наполитанците“ беа многу подобар тим и заслужено го слават триумфот што ги однесе на врвот на табелата со 31 бод. Елмас одигра уште еден комплетен меч иако на поинаква улога, но покажува дека полека ја добива довербата на тренерот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk