Екипата на Наполи, за која што нашиот репрезентативец и интернационалец, Елиф Елмас денеска одигра нешто повеќе од полувреме во стартниот тим, извојува важна победа на гостувањето кај Кремонезе со конечни 0:2.
Благодарение на одличниот ден на Расмус Хојлунд, кој што ги постигна двата гола и потсети зошто е доведен во Неапол.
Гостите во вистински момент поведоа, а и ја удвоија предноста. Хојлунд реализираше најпрво во 13. минута, а потоа и пред полувреме во 45. со што Наполи на посакуваниот начин замина на пауза.
По неа, домаќинот веќе немаше ниту сила ниту капацитет резултатски и играчки да се враќа па оние 0:2, станаа и конечни на овој меч.
Со оваа победа, Наполи стигна до 34 бодови, и втора позиција во моментов, додека Кремонезе е дванаесетти со 21. бод.
https://streamin.link/v/efb1bea5