На што ли спадна еден таков гигант, во балкански рамки, како што некогаш беше Партизан? Клуб кој прв од екс – СФРЈ играше финале во ЛШ или по старо Купот на Шампионите во таа 1966 кога беше поразен од Реал Мадрид со 1:2. „Црно – белите“ во последните години, повеќе од една деценија не можат никако да се носат со својот вечен ривал, Ц. Звезда. Клуб кој сега веќе е некоја друга димензија за Партизан. Некој ќе рече дека за тоа своја вина има и режимот на Александар Вучиќ, но најголемата вина е кај сите кои досега го водеа клубот од Хумска. Но тоа е некоја друга тема на муабет.
Колкава е разликата меѓу тие два клуба говори и следниот податок. Имено сега веќе стариот тренер на Партизан, Дамир Чакар се согласил да зема месечна плата од “смешни“ 2.500 евра месечно. Тоа е “ситниш“ за платата која ја зема Дејан Станковиќ во Ц. Звезда а која изнесува 100.000 евра месечно, сума во која не се сметаат бонусите со кои доаѓа и до 150.000 евра месечно.
Овие суми се неофицијани, со нив шекулираат медиумите во Србија.