Едноставно најдобри. Можеби ПСЖ не беше така спектакуларен како во минатото финале кога го распарчи Интер со 5:0, ама и сега покажа зошто е најдобар во Европа. Луис Енрике создаде “машина“ за освојување на пехари и трофеи.
Ова е второ финале во низа и втор пехар во Лигата на Шампионите. Ако во тоа финале во 2020 година ПСЖ не успеа да дојде до сонот, сега тој сон е јаве, и тоа како е јаве.
По драмата на “Пушкаш Арената“ во Будимпешта и по победата над Арсенал во пенал – серијата, “Ушлето“ повторно во рацете на капитенот Маркињос и компанија.
Едноставно, најдобри…
Champions of Europe: Paris Saint-Germain 🏆#UCLfinal pic.twitter.com/MOcgiqlyKz
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) May 30, 2026