logo
logo
logo

Един Џеко за Билд: Се откажав од многу пари за да играм за Шалке 04

Vecer | 26.02.2026

Един Џеко за Билд: Се откажав од многу пари за да играм за Шалке 04

Босанската фудбалска легенда Един Џеко во опширно интервју за престижниот Билд, објави дека кога потпишувал за Шалке 04 зимава одбил сериозни понуди од најразлични клубови. Сепак, желбата да заигра за овој легендарен германски клуб била посилна од финансиските понуди кои биле далеку повисоки.

„Јасно им кажав од самиот почеток парите не ми се важни. Добив и други, значително повисоки понуди. Ова не е најважното нешто за мене. Со задоволство се откажав од парите за да играм за овој клуб“, рече Џеко па додаде.

„Не сум некој што ќе го објави своето пензионирање неколку месеци однапред. Не планирам толку далеку однапред. Ќе ги слушнам сигналите на своето тело ова лето, а во моментов се чувствувам многу добро и сè уште можам да постигнувам голови“, категоричен е Џеко во врска со евентуалното пензионирање од фудбалот. 

Тој сега го предводи Шалке во борбата за промоција во Бундеслигата, а во своите први 5 натпревари за тимот постигна 4 гола и имаше 3 асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk