logo
logo
logo

Нерешено со Португалија: ТОМОВСКИ Е ХЕРОЈ, Македонија останува во игра за втората фаза

Vecer | 18.01.2026

Нерешено со Португалија: ТОМОВСКИ Е ХЕРОЈ, Македонија останува во игра за втората фаза

Македонија одигра нерешено со Португалија со што останавме во игра за пласман во втората фаза. 29-29. Maкедонија беше подобра во прото полувреме кога имавме само два негатива. Во второто влеговме во играта на Португалците, со брзина која никако не ни одговара. Имавме и пет негатива. На осум минути до крајот некако дојдовме до минус еден со неколку одлични одбрани на Томовски. Во 54 минута Томовски повторно имаше значајна одбрана по што Серафимов изедначи на 26-26 со серија 5-1.

Веднаш потоа искучување за Атанасијевиќ што не исрли за момент од серијата. На пет минути до крај Кузмановски изедначи на 27 -27. Во 56-та повторно пенал за Португалците што го користат за гол предност. Ѓоргиев во следниот напад не постигна гол иако беше очигледно дека е под фаул. По гледањето на снимката имаше две минути за противикот и пенал за нас кој го користи Кузмановски за 28-28. Португалија со играч помалку даде гол за 28-29 а возврати Велковски за 29-29. Во последната минута Португалија имаше два напади но Томовски беше херој

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk