logo
logo
logo

Џовани Леони ги скина лигаментите

Vecer | 26.09.2025

Џовани Леони ги скина лигаментите

Младиот и талентиран дефанзивец на тимот на Ливерпул, Џовани Леони ќе мора да паузира една година поради сериозна повреда. Леони ги скина лигаментите на коленото, при доскок на дуелот против Саутемптон во рамките од Лига купот.

„Секако дека ова не е добра ситуација. Скинати лигаменти се сериозна повреда, и тој ќе мора да паузира една година. Тешко е да се пронајде позитивна страна во нешто вакво, но сепак, тој е многу млад и пред него има многу години на професионален фудбал. Ќе се врати посилен“ – изјави менаџерот на Ливерпул, Арне Слот.

Со ова дефинитивно Ливерпул до крајот на есенската полусезона останува со само три стопери, Вирџил Ван Дајт, Џо Гомез и Ибрахим Конате.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk