logo
logo
logo

Двата гола на Муричи недоволни за победа на Мајорка!

Vecer | 29.11.2025

Двата гола на Муричи недоволни за победа на Мајорка!

ФОТО: RCD Mallorca/FB

Мајорка и Осасуна ремизираа 2:2 во 14-то коло од Ла Лига. По првите 45 минути немаше голови, поточно до последниот половина час, а потоа следеше голеада.
На истекот од еден час од играта, Јан Вирџили изнуди пенал, кој го реализираше Муричи. Некогашниот член на „Ла Масија“ – Вирџили потоа регистрираше уште една асистенција за Муричи за 2:0.
Но, тоа не беше крај. Осасуна израмни во 82-та минута, Рубен Гарсија му асистираше на Раул Гарсија, а вториот го намали резултатот на 2:1.
А потоа, во судиското продолжение, Бојомо постигна гол со ножички за 2:2 и голем бод за гостите од Памплона.
Мајорка сега е 15-та со 13 бода, додека Осасуна е надвор од зоната за испаѓање со овој бод, бидејќи е 17-та со 12.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk